Голема студија на шведски научници покажа дека зголемениот внес на сол во организмот е забележлив фактор на ризик за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок.
Истражувањето, во кое беа опфатени 10.788 испитаници на возраст меѓу 50 и 64 години, покажа дека зголемениот внес на сол во телото преку храната го зголемува ризикот од развој на атеросклеротични лезии во коронарните и каротидните артерии, дури и кај учесници со нормален крвен притисок и без претходно познати кардиоваскуларни заболувања.
Знаењето укажува на фактот дека солта сама по себе би можела да биде штетен фактор уште пред да се развие хипертензија (висок крвен притисок), пишуваат авторите на студијата, чии резултати се објавени на интернет во European Heart Journal Open.
Одамна е познато дека внесот на сол е поврзан со хипертензија, но улогата на солта во развојот на атеросклероза не е истражена, објасни главниот автор на студијата д-р Jonas Wuopio од Karolinska Institute и предавач на e University of Uppsala за порталот Medscape.
Ретко кој обрнува внимание на врската помеѓу промените во артериската калцификација и врската помеѓу појавата на атеросклеротични наслаги и внесот на сол, рече Wuopio. Со оглед на тоа што ги имавме овие ексклузивни податоци од претходните истражувања, ги искористивме за да го комплетираме претходното знаење.
10.788 возрасни учесници во истражувањето на возраст од 50 до 64 години (просечна возраст 58; 52% жени) биле подложени на компјутерска томографија (MSCT), а 24-часовната екскреција на сол била искористена за мерење на внесот на сол.
МСКТ коронарната ангиографија е искористена за да се добијат 3D слики на коронарните артерии, кои го мерат степенот на калциум во коронарните артерии, а исто така се користи и за откривање на стеноза во коронарните артерии. На учесниците во истражувањето им е направен и ултразвук на каротидните артерии.
По прилагодувањето за возраста, полот и локацијата на студијата (студијата е спроведена во Uppsala и Malmö), истражувачите откриле дека зголемената потрошувачка на сол е поврзана со побрз развој на атеросклероза на линеарен начин во коронарните и каротидните артерии.
Се покажа дека со секој грам повеќе сол, фреквенцијата на атеросклеротични наслаги во каротидните артерии била за 9% поголема кај луѓето со нормален крвен притисок, а зачестеноста на коронарните стенози била за 17% поголема.
Научниците потсетуваат дека дневниот внес на сол, како што е препорачан од СЗО, не треба да надминува една кафена лажичка дневно.
Исто така, се препорачува притисокот да се одржува на помалку од 120/80, бидејќи веќе при притисок поголем од 117/75, ризикот од развој на атеросклероза значително се зголемува.
Шведските научници веруваат дека зголемувањето на крвниот притисок поради внесот на натриум, дури и под нивото кое моментално ја дефинира артериската хипертензија, е важен фактор што посредува во интеракцијата помеѓу внесот на сол и атеросклеротичниот процес.
Со оглед на тоа што забележавме поврзаност кај луѓе со нормален крвен притисок, едно од можните објаснувања за ваквите наоди е дека штетните патолошки процеси започнуваат уште пред да се развие хипертензија, заклучуваат тие.
Студијата што ја спроведовме потврдува дека вишокот сол не е добра работа, но фактот дека е поврзан со развој на атеросклероза, дури и во отсуство на хипертензија, е мало изненадување за нас“, вели д-р Wuopio.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















