Едни од најкорисните и вкусни јатки кои лекарите ги препорачуваат да ги конзумираме се оревите. Тие се богати со витамини Е и Ц, селен , железо, бакар, магнезиум, фолна киселина, јод и други.
Познато е дека се корисни за здравјето на срцето, помагаат при респираторни проблеми, за зајакнување на имунитетот, за нормализирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок. Во народната медицина се дел од голем број еликсири за добро здравје.
Не треба да се одмине и фактот дека се особено корисни за здравјето и функцијата на тироидната жлезда. Затоа споделуваме еден рецепт за еликсир кој не само што ќе го зајакне имунитетот, но и ќе се погрижи и за еден од најважните органи. Оревите се богати со селен и јод, кои се исклучително важни за жлездата.
Потребно
- 40 свежи (млади) ореви
- 1 килограм мед
- 1 литар ракија
Подготовка
Оревите се сечат на мали парчиња и се ставаат во голема стаклена тегла. Кон нив се додаваат медот и ракијата. Сè се промешува добро и се затвора со капак. Садот се става на сончево место во домот да отстои 40 дена.
Периодично треба да се мешаат состојките. Потоа секое утро на празен стомак земајте по 2-3 лажици од ликерот, кој може да биде и ваш аперитив. По желба може да си каснете и од оревите.