Коријандерот е богат со антиоксиданси

31

Коријандерот содржи голем број растителни хемиски соединенија за кои е познато дека имаат превентивни и лековити својства.

Оваа кулинарска билка е многу слична на копар, во таа смисла што и лисјата и семето може да се користат како зачин. Ботанички, билката припаѓа на фамилијата apiaceae, од родот Coriandrum.

Растението коријандер не содржи холестерол, но е богато со антиоксиданси и растителни влакна кои помагаат во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта и зголемувањето на добриот ХДЛ холестерол.

Листовите и семето содржат голем број есенцијални масла, како што се: борнеол, линалул, цинеол, цимен, терпинеол, дипентен, феландрен, пинен и терпинолен. Лисјата и врвовите од стебленцата исто така се богати со бројни антиоксидантски полифенолни флавоноиди, како што се: кверцетин, камферол, рамнетин и епигенин.

Ова растение е добар извор на минерали, како што се: калиум, калциум, манган, железо и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Железото е клучно за создавањето на црвените крвни зрнца.

Манганот се користи во организмот како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Исто така е богат со голем број витамини и минерали, вклучително и: фолна киселина, рибофлавин, ниацин, витамин А, бета-каротин и витамин Ц; кои се клучни за доброто здравје. Витаминот Ц е моќен природен антиоксиданс.

Коријандерот обезбедува 30 проценти од препорачаната дневна доза од витамин Ц. Обезбедува 6.748 интернационални единици витамин А на 100 грама, т.е. околу 225 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот А е важен витамин и антиоксиданс кој се раствара во масти и кој е неопходен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата и е клучен за добриот вид.

Конзумирањето храна природно богата со витамин А и флавоноиди (каротини) му помага на организмот во заштитата од рак на белите дробови и усната празнина.

Коријандерот е еден од најбогатите растителни извори на витамин К, обезбедува околу 258 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот К има потенцијална улога во создавањето на коскена маса, преку поттикнување на остеотропната активност во коските.

Исто така има докажана улога во третманот на пациенти кои страдаат од Алцхајмерова болест, преку ограничување на оштетувањето на невроните во мозокот.

Маслото од семе од коријандер се користи во гоелм број третмани во традиционалната медицина, како: аналгетик, афродизијак, антиспазматик, дезодоранс, дигестив, карминатив, фунгицидал, липолитик (за намалување на телесната тежина), стимуланс и средство за смирување на стомачните тегоби.