Научниците веруваат дека го пронашле најкомплетниот фосил од диносаурус во Велика Британија во последните 100 години

542
Comptonatus chasei

На карпите на заливот Compton, на островот Wight, пронајден е можеби најкомплетниот фосил на диносаурус пронајден во Велика Британија во последните 100 години.

На британскиот остров Wight се откриени фосилни остатоци од тревојаден диносаурус кој шетал на нашата планета пред 125 милиони години, а научниците веруваат дека тие го претставуваат најкомплетниот нов примерок пронајден во Британија во последните 100 години.

Со тежина на голем машки американски бизон, околу 900 килограми, овој тревојаден диносаурус многу веројатно живеел во стадо, вели Jeremy Lockwood, докторант на University of Portsmouth кој учествува во ископувањето.

Диносаурусот, кој има 149 коски, е пронајден на карпите на заливот Compton, на островот Wight, во близина на јужниот брег на Англија. Пронајден е во 2023 година од колекционерот Nick Chase, кој вомеѓувреме починал.

Диносаурусот го добил името Comptonatus chasei, во чест и спомен на Chase.

Nick имал нос за откривање на коски од диносауруси.

„Ова е навистина вредно откритие што ни помага да разбереме повеќе за различните видови диносауруси во Англија во раната креда“, рече Lockwood, кој штотуку објави труд за тоа во The Journal of Systematic Palaeontology.

На истиот остров во 2022 година се пронајдени остатоци од најголемиот европски месојаден диносаурус, исто така од раната креда, кој бил долг повеќе од 10 метри и припаѓал на групата диносауруси наречени спиносауруси.