Минатата година го означи почетокот на ерата на вселенски туризам што може да привлече многу авантуристи кои ќе можат да си дозволат ваков мултимилионски ангажман.
Благодарение на компаниите како SpaceX, Blue Origin и Virgin Galactica, ерата на вселенскиот туризам официјално започна. Досега патувањето во вселената беше резервирано само за астронаутите, но сега е отворено за сите – поточно за сите кои можат да си ги дозволат, бидејќи за оваа животна авантура треба да имате многу пари.
Можеме да кажеме дека камен-темелникот на вселенскиот туризам беше поставен 2021 година на 11 јули од Richard Branson, основачот на Virgin Galactic, кој полета до работ на вселената. За време на летот од околу еден час, ракетата Unity достигна височина од 90 километри, а вселенските туристи почувствуваа бестежинска состојба неколку минути. Само десет дена по него и Jeff Bezos ги исполни своите вселенски соништа. Во вселенското летало New Shepard направено од неговата компанија Blue Origin, тој полета во вселената, достигнувајќи височина од 107 километри.
Elon Musk има голема улога во развојот на вселенскиот туризам. Неговото вселенско летало SpaceX успешно превезува туристи во вселената и астронаути до ISS.
Според швајцарската финансиска холдинг компанија UBS, моменталниот потенцијал на вселенскиот туризам е 4 милијарди долари, додека проценката на потенцијалот за вселенски туризам 2019 година беше 3 милијарди долари.
Во иднина, овие бројки ќе бидат многу повисоки, а според проценките на Northern Sky Research (NSR), до 2031 година приближно 57 илјади патници ќе летаат во вселената. Вредноста на пазарот тогаш би требало да изнесува повеќе од 20 милијарди долари, а најголемиот дел ќе бидат токму приходите од вселенските туристи и орбиталните патувања.
Билети за туристички летови во вселената веќе купиле голем број познати личности како Leonardo DiCaprio и Justin Bieber – тие се дел од групата од околу 700 луѓе кои однапред платиле летови од ноември 2021. Кога ќе продолжат летовите на Virgin Galactica, Richard Branson верува дека листата на чекање ќе се зголеми на илјада луѓе.
Имајќи предвид дека во оваа форма на туризам ќе се свртат милијарди долари, во иднина има повеќе начини да се заработат пари во оваа нова индустрија.
Една од нив е со инвестирање во компании кои обезбедуваат услуги за летови во вселената и развиваат инфраструктура за нив.
Исто така, тоа е одлична можност за компаниите од туристичката индустрија кои можат да организираат летови во вселената.
Исто така, веќе се споменуваат приватни вселенски станици и хотели со сите придружни содржини – ресторани, теретани, кафулиња итн. Цените за ваквите туристички аранжмани секако ќе бидат астрономски и резервирани само за оние со најдлабок џеб.