Некои од навиките кои нам ни се нормални за кучињата можат да бидат иритантни.
Значи, ако сакате да му бидете најдобар пријател на вашиот пес, дознајте како да ги поправите своите навики.
Користење на зборови повеќе од говор на тело
Кучињата можат да разберат и до неколку стотини зборови (шетање, седни, легни, чекај, не…), но не можат да го разберат човечкиот јазик. Тие се потпираат на нашиот говор на телото. Затоа, на нашиот миленик можеме да му пратиме измешани сигнали ако обрнуваме внимание само на она што му го зборуваме, а не на она што му го покажуваме со говорот на телото.
Обидете се да поминете цел ден да не му кажете ни еден збор на кучето, туку со него да комуницирате само со помош на говорот на телото.
Гушкање на кучето
Кучињата немаат раце и не се гушкаат. Ако кучето ја стави шепата на друго куче, тоа е знак на доминација. Без оглед на вашите намери, кучето го доживува тој чин како акт на доминација.
Следете го однесувањето на вашиот миленик додека го гушкате. Дали е напнат? Дали избегнува контакт со очите? Дали устата му е затворена? Сите тие се знаци дека на песот му е непријатно.
Продолжува на страна 2