Затегнат околувратник за шетање
Држејќи го презатегнат околувратникот, сопствениците го подигнуваат нивото на стрес, фрустрациите и возбудувањето кај својот љубимец. Држејќи го каишот лесно, му давате на кучето сигнал дека сè е во ред и дека нема потреба за грижа и напнатост, па и тоа е опуштено.
Напнатост
И на кучињата стресот не им годи исто како ни нам. Ако вашиот пес е раздразлив и поагресивен од обично, проверете го своето однесување во последните денови. Неговата состојбата можеби е одраз на вашиот стрес.
Здодевност
На вашето куче ќе му биде здодевно ако не ја разбивате секојдневната монотонија. Тоа цел ден ве чека да се вратите од работа или од училиште за да си игра со вас. Замислете како ќе се чувствува ако не му посветите барем малку внимание.
Ако вашиот миленик ги гризе обувките, ногарките од столиците и масите, веројатно му е здодевно. Затоа обидете се да му ги ангажирате телото и умот. Еден час тренинг заменува и до неколку часа играње, бидејќи кучето се уморува ментално.
Дури 15 до 30 минути вежбање трикови може да направи голема разлика меѓу среќно куче и куче на кое му е здодевно.



















