Работи кои вашето куче не сака да му ги правите

1958

Присилување на кучето да комуницира со други кучиња или со луѓе кои не ги сака

И кучињата имаат свои пријатели и непријатели. Лесно може да се забележи со кого песот сака да го помине времето, а со кого не. Многу сопственици за жал не можат да го прочитаат тоа кај својот миленик. Тие го присилуваат својот пес да се социјализира во разллични ситуации иако тој јасно покажува дека сака да се повлече од тие ситуации.

Со трпеливи и мали чекори можете да му помогнете на вашиот љубимец да ја прошири неговата зона на удобност во интеракција со други луѓе и други кучиња.

Кога го присилувате на контакт може да одговори одбранбено и дури и да нападне. Веројатно ќе се повлече или благо ќе ржи, а на крајот може и да касне некого. Истовремено ќе изгуби доверба во вас како заштитник и лидер.

Шетање без „мирис“

Од голема важност е на кучето да му се дозволи да го истражи светот околу него. Кучињата првенствено го доживуваат светот преку сетилото за мирис. Одредете една прошетка да биде „мирисна прошетка“. Одете бавно и дозволете му на вашиот пес да душка сè што му е интересно. Мирисните прошетки се одлична можност кучето ментално да се опушти и да ужива во природата со сите сетила.

Продолжува на страна 4