За сите оние кои обожуваат слатки десерти, а немаат многу време за нивна подготовка …
Потребно
За тестото
- 4 големи јаболки
- 1 чаша (од 200 мл) мелени ореви
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша гриз
- 100 гр суво грозје
- 1 јајце
- 1 прашок за пециво
- 3 лажици рум
- 1 чаша млеко
- 1/2 чаша масло
За чоколадната глазура
- 100 гр чоколадо за готвење
- 50 гр путер
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици топла вода (може и млеко)
Подготовка
- Јаболките излупете ги и изрендајте ги во еден сад.
- Додадете ги оревите, гризот, шеќерот, маслото, сувото грозје, јајцето, млекото, прашокот за пециво, румот и убаво измешајте.
- Смесата сипете ја во намастена со путер и посипана со малку брашно правоаголна тава.
- Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
- По желба печениот колач може да го прелиете со чоколадна глазура. Додека се пече колачот подгответе ја чоколадната глазура.
- Во еден сад на рингла растопете ги путерот и чоколадото. Додадете ги шеќерот и топлата вода. Измешајте да добиете хомогена смеса. Готовата глазура прелијте ја над колачот и оставете да се излади.
- Изладениот колач пресечете го на коцки и послужете.



















