Македонски центар ИТИ – Известување за медиумите и јавноста

226

Македонски центар ИТИ – Известување за медиумите и јавноста:

Работилницата со предавање на австрискиот режисер Рајнхард Ауер наменета за ансламблот на НУ Театар В.Ч. Прилеп, договорена како соработка помеѓу Македонскиот центар на ИТИ и НУ Театар В.Ч. Прилеп, за жал нема да се реализира, бидејќи одеднаш директорот Стојан Дамчевски грубо изјави дека баш му е гајле за соработката (не го интересираат резревни термини за поместување-изведба на соработката поради доцнење на исплата на средства од страна на Мин. за култура) – по долг период на игнорирање на моите мејлови, и давајќи изговори по телефон со интонација на нељубезност, грубост и нетрпеливост – ми стана јасно дека човекот сака да ме откачи освен ако не сакам тоа ПРИВАТНО да го реализирам. Колеги од НУ Театар Прилеп жал ми е што вака испаднаа работите – очигледно не се договара со секого соработка, ве почитувам и ви ги ценам ентузијазмот и волјата, но вашиот директор не го почитувам бидејќи се издаде колку му вреди професионалноста, стабилноста и колаборативноста. Поздрав до сите.

Однапред Ви благодариме за објавата, за вашата поддршка.

Со почит,

Македонскиот центар на Интернационален театaрски институт