Клучното откритие на научниците може да помогне да се запре ширењето на ракот

1261

Сега кога научниците знаат како клетките на ракот се шират низ телото, можеби ќе можат да развијат начин да го спречат тоа.

Еден од главните предизвици во процесот на лекување на ракот е откривање и запирање на неговото ширење низ човечкото тело, односно појава на метастази. Откритието направено од научници од University of Southern California може да го промени тоа.

Имено, тие во нивната студија објавена во PNAS откриле еден од фундаменталните механизми со кои се шири ракот. И кога знаеме како функционира сè, полесно е да откриеме како да го спречиме тоа.

Како што наведуваат во нивната студија, клучот за овој новооткриен процес е протеинот chaperone, GRP78. Тоа е протеин кој помага да се утврди дали поголемите протеини се биолошки активни и функционални или неактивни и нефункционални. Клетките на ракот можат да го „киднапираат“ GRP78 и да го користат за да се рашират понатаму низ телото и да ги избегнуваат лековите.

Тие истакнуваат дека тоа се случува затоа што протеинот мигрира кога е под стрес.

Целосно е изненадување да се види GRP78 во јадрото, кое ја контролира генската експресија, посочува Amy Lee, биохемичар и молекуларен биолог од University of Southern California, која ја водела студијата. Кога станува збор за основните механизми на клетките на ракот, ова е нешто ново што, колку што знам, никој досега не го забележал.

Друго важно откритие што го направиле истражувачите е како GRP78 се врзува или комуницира со друг клеточен протеин, ID2. Се чини дека GRP78 го спречува ID2 да ја врши својата нормална работа, што ја ограничува активноста на гените вклучени во миграцијата на клетките.

Сега кога научниците знаат како клетките на ракот се шират низ телото, можеби ќе можат да развијат начин да го спречат тоа. На пример, со запирање или блокирање на протеините што го шират.

Но, за да се дојде до таа фаза, ќе бидат потребни повеќе истражувања.

Ова е нов концепт, вели Lee. Самиот протеин е војник кој ја врши работата, но сега мислиме дека не се работи само за војникот туку и за тоа каде е распореден војникот.