Лековитоста на морето одамна е потврдена, но не само поради пливањето или шетањето по песокот, туку и поради воздухот и сонцето. Секако, доколку не се претерува со изложување на сонце.
Делотворно е и седењето на брегот и гледањето на брановите, истакнуваат стручњаци од Британското здружение на дерматолози.
Воздухот и мирисот на морето ослободуваат диметрил-сулфид, кој директно делува позитивно на дишните патишта. Подобро ќе спиете, бидејќи поради изобилството негативни јони полесно се апсорбира кислородот.
Негативните јони се борат и против слободните радикали, воспоставувајќи рамнотежа на хормоните на среќа и задоволство.
Престојот на море го ублажува дерматитисот, односно морската сол и калиум хлоридот го поттикнуваат зараснувањето на кожата, повлекувањето на егземите, а се препорачува и како лек за синуси, алергии, настинки.
Благодарение на сонцето организмот ги добива неопходните количини на витамин Д кој делува на коските, мускулите, имунитетот.
Впивањето на сончевите зраци е најдобар начин за превенција на настанување на остеопороза и намалување на нивото на шеќер во крвта. Колку што е поголем процентот на витаминот Д, толку е пониско нивото на гликозата.
Сончањето е корисно и во превенција од срцеви болести, а ги потиснува и процесите кои му штетат на помнењето.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.