Еве што сè треба да знаете ако носите леќи

122

Доколку имате проблеми со видот или одредени проблеми со здравјето на очите, на нив треба да обрнете особено внимание во текот на летото.

Ако сте избрале да носите леќи, тоа може да биде доста тежок предизвик за вас кога сте на одмор. Особено не се препорачува да носите леќи на плажа, кога се изложени на сонце или кога пливате, поради тоа што окото побрзо се суши.

Дури и самите производители и продавачи на леќи забележале дека потрошувачката во лето е намалена. Постојат и леќи кои траат само еден ден, но не се наменети за пречеста употреба.

Запомнете, колку и да изгледа водата чиста, никогаш не пливајте, а уште помалку немојте да нуркате со леќи, бидејќи може да се заглават честици нечистотија и да предизвикаат инфекции.

Затоа, купете квалитетни очила за сонце, за неколку дена во годината не вреди да го ризикувате здравјето на очите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.