ВЕРВЕРИЧКА или ЛЕБЕД | Што откриваат за вашата интуиција

1269

Погледнете внимателно во цртежот и слушајте го гласот на својата интуиција.

Кое животно прво видовте?

ЛЕБЕД

Вие сте многу реална личност. На нештата гледате логички и аналитички и не дозволувате чувствата да влијаат врз вашите одлуки. Ги гледате нештата онакви какви што се и не се обидувате да им барате подлабока смисла.

Во секојдневниот живот сте практични и прагматични при носењето одлуки, а проблемите ги решавате благодарение на својата интелигенција. Тоа ви е исплатливо на професионално поле, но семејството и пријателите би ви биле благодарни ако покажете и малку чувства.

ВЕРВЕРИЧКА

Ако прво видовте верверичка на цртежот, вие сте роден перфекционист. Посветувате внимание на деталите, проникливи сте и се потпирате на сопствената интуиција за да ги постигнете своите цели. Давате сè од себе и ги следите своите соништа.

Сакате успех и победи, а секој ден вложувате сè што можете за да ги добиете. Не си дозволувате грешки, а ако ви се случат, тогаш од нив учите важни животни лекции.