Со овие зеленчуци против целулитот

91

Речиси и да нема погрешен избор за овошја и зеленчуци, но постојат одредени видови кои ви помагаат во борбата против целулитот.

Зеленчукот содржи многу витамини и минерали, кои во комбинација со внесот на вода и протеини, помагаат во воспоставување нормален метаболизам и регулирање на шеќерот во крвта.

Овие три вида зеленчуци се вашите најголеми сојузници во борбата против целулитот:

Батат (сладок компир)

Ова е еден од најстарите видови компир кои им се познати на луѓето. Содржи калиум, витамини Ц и Е и бета каротен. Ја подобрува циркулацијата и ги елиминира токсините од телото.

Брокула

Брокулите содржат активни состојки кои ја чуваат еластичноста на кожата, но и многу витамин Ц. Исто така, брокулата е најдобриот немлечен производ кој е извор на калциум.

Прокељ

За прокељот може да се каже дека е природна „таблетка“ против целулит, благодарение на активните состојки и супстанци, кои ги елиминираат штетните материи од телото.

Сите овие зеленчуци консумирајте ги свежи или варени, според тоа како се јадат. Најважно е да ги варите на тивко, најдобро на пареа, за да ги зачувате сите потребни активни супстанци кои ќе ви помогнат во борбата против целулитот.