Еве зошто партнерите почнуваат да наликуваат еден на друг

224

Честопати забележуваме како двајца долгогодишни љубовни партнери почнуваат да наликуваат еден на друг: исти движења, гримаси, па дури и цртите на лицето некако им се изедначуваат.

Научници од Универзитетот во Мичиген се обидоа да дадат одговор на тоа прашање. Имено, тие направиле анализа на снимки на луѓе кои биле младоженци пред 25 години и на нивните денешни лица. Се покажало дека сопружниците навистина почнуваат да личат меѓу себе.

Стручњаците претпоставуваат дека причината за тоа е, главно – блискиот меѓусебен контакт. Тоа ги тера човекот да го „имитира“ својот партнер, односно да ги поприми неговите, или нејзините движења, гримаси, реакции, што со тек на времето предизвикува партнерите да добијат брчки на истото место на нивните лица, на пример.

Заедничкиот живот, сличните и исти навики, се исто така, важен фактор, но најважно, по се, изгледа е нашата предодреденост – наместо спротивностите, да не привлекуваат луѓе слични нам.

Заклучокот е едноставен – многу е веројатно Вие и Вашиот избраник да си личите еден на друг од самиот почеток.