Кога Вагата е депримирана или во лошо расположение, може да се дистанцира и да стане непристапна за блиските. Најмногу ја повредува разочарувањето од личност за која мислела дека никогаш нема да ја повреди.
Вагите не можат да функционираат во хаос и со негативност. Штом се најдат во такви околности, веднаш се тргаат настрана.
Најголемиот подарок што можете да им го подарите е вашето време и љубов. Тие имаат мека романтична душа и носат многу љубов и мир во себе. Но, ако ги испровоцирате, на површината може да исплива невидена безмилосност. Исто така, немилосрдни се кога станува збор за спроведување на правдата.
Ако имате Вага во животот, не дозволувајте си да ја изгубите, бидејќи овој знак има карактер благодарение на кој може да направи сѐ да изгледа во ред. Прочитајте ги 20-те животни принципи според кои се води Вагата.
1. Премногу размислувам. За секоја ситуација смислувам по 10 можни сценарија пред навистина да се случи.
2. Никогаш не може да знаете со сигурност што се случува во мојата глава, бидејќи и самиот/самата сум често во битка со себеси.
3. Може да имам 100 обожаватели, но тоа нема да ми биде воопшто важно, бидејќи кога покрај себе имам некој што ми се допаѓа, моите очи ја гледаат само таа личност.
4. Не можам да живеам без музика. Уживам во шопинг. Обожавам личности кои не се плашат да ја покажат својата заинтересираност кон мене.
5. Кога се чувствувам тажно, потребен ми е некој кој ќе ми ги одвлече мислите, но уште повеќе, некој кој ќе ме натера да се соочам со моите проблеми.
6. Мојата најголема слабост е што си ги запоставувам своите потреби на сметка на туѓите.
7. Едно од најдобрите чувства е кога ќе запознаам некоја нова личност и веднаш ќе се погодиме.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















