Која козметика треба и мора да ја користите за да ја потенцирате вашата убавина

1422

Од сосема малку руменило по јагодичките и светли, сексапилни црвени усни до немарно преметната коса на една страна, Французинките поседуваат неколку симболични карактеристики со кои се препознатливи по својата убавина низ целиот свет.

Дури и да не сте родени во Франција, нема подобра опција од оној да го имате најдоброто од класичните навики со козметичките производи.

Ви претставуваме без што не можат Французинките во однос на секојдневниот режим со шминката – имплементирајте го задолжително и во своето секојдневие, за да се почувствува веднаш промената.

1. Парфем како потпис

Секоја Французинка има уникатен мирис кој лесно се препознава и идентификува со самата неа. Се разбира, тоа се случува дури и ако само помине покрај вас. Секој ден, без разлика дали е делник или е во текот на викендот, не пропуштајте да се испрскате со миризлива течност. Типичнни мириси со кои треба да се ориентирате, се розов бибер, малина и боровинка.

2. Невидливата пудра

Голема предност на Французинките е дека ја разбираат целта на фон де тенот. Не треба да создаваат маска на лицето, туку да ги прикријат недостатоците паралелно со истакнување на придобивките. Користете основа за шминка, покривен производ со лесна текстура и не пропуштајте финиш. Ова ќе ви помогне не само да изгледате добро, но и да го задржите ефектот за подолго време.

Продолжува на страна 2