Осудени на казна затвор затоа што „преку врски“ сакале да ги запишат своите ќерки на колеџ

324

Актерката Лори Лаглин и нејзиниот сопруг Мосимо Џанули беа осудени на казна затвор од два и пет месеци, бидејќи учествуваа во скандалот со запишувањето студенти на Универзитетот во Јужна Каролина.

И покрај тоа што адвокатите на холивудската двојка што се обидоа да избегнат тужба за мито, обвинителството инсистираше на тоа и судот на крајот прифати.

„Сакав да им дадам на ќерките нефер предност додека ги запишував на колеџ. Ја игнорирав мојата интуиција и си дозволив да ги згазам моите морални принципи. Мислев дека го правам тоа од љубов кон моите деца, но во реалноста само ги поткопав и ги намалив способностите и достигнувањата на ќерка ми“, рече Лаглин на суд.

„Посакувам да го вратам времето и да ги сторам работите поинаку. Само можам да ја преземам одговорноста и да продолжам понатаму. Длабоко и искрено жалам за сè“, истакна актерката, по што заплака.

На тој начин, Лаглин беше осудена на два месеци затвор, две години супервизија по издржувањето на казната за време на која таа мора да изврши 100 часа општествена работа. Покрај тоа, таа мора да плати казна од 150.000 американски долари.

Сопругот Мосимо доби затворска казна од пет месеци, по што треба да помине 250 часа општествена работа и да плати казна од 250.000 американски долари.

Двајцата треба да се пријават за издржување на казната до 19 ноември.

Скандалот за поткуп на членовите на комисијата за запишување на Универзитетот во Јужна Каролина опфати 56 судски постапки против родители кои сакале да ги запишат своите деца „преку врска“ во замена за пари.

Лаглин и Џанули беа осудени затоа што преку организаторот на целиот случај, Вилијам Рик Сингер, сакаа да ја поткупат комисијата за запишување со половина милион долари за да се осигурат дека нивната ќерка ќе ги препише точните одговори на тестот за упис.