Животот на Јапонецот поминува чекајќи во ред

2272

Повеќето Јапонци со часови чекаат нешто. Никој никогаш не се жали на долга редица или изгубено време. Ако некогаш се организираше светско натпреварување во “чекање во ред“, Јапонците веројатно би го освоиле.

Секој од нас има некое искуство со чекање во ред. Некој чека на слободно место во омилениот ресторан, некој да купи билет за кино, а некој во продавница за електроника за да дојде до „Нитендо“ или најновиот модел на „iPhone“.

Чекањето во ред во Јапонија има специфично значење. Ако некогаш би се организирало светско натпреварување во „чекање во ред“, Јапонците веројатно би го освоиле.

Стоењето во ред за да купите омилено кафе во „Страбакс” и тоа секое утро кога одите на работа, или сакате да купите јајца кои се 10 јени поевтини, е секојдневна навика во Јапонија.

Повеќето Јапонци со часови чекаат за нешто. Никој никогаш не се жали на долгата редица или за изгубеното време.

Многумина се сеќаваат на сликите од Светското првенство во фудба кога јапонските навивачи го исчистија ѓубрето на стадионот по натпреварот. Тоа го сторија дури и кога нивните фудбалери ја загубија утакмицата.

Да не спомнуваме за дисциплината што ја покажале за време на нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Петгодишно девојче е тестирано за изложеност на зрачење во центарот за евакуација во Коријајама, северна Јапонија. Фотографија: © Ким Киунг Хун / Ројтерс

Она што за другите би била можност за паника, Јапонците тогаш покажале голема сила, дисциплина и трпеливост кога станува збор за снабдување со храна, вода и основни прехранбени производи. А за да дојдете до нив, значело да се стоји во долги редици со часови.

Во времето на земјотресот и цунамито 2011. година во Јапонија немало ниту грабежи, ниту кражби. Кога конечно се појавила можноста луѓето да добијат основни намирници и облека во локалните продавници, Јапонците послушно застанале во редови.

Бесконечно долги и совршено обликувани редови се формираат за време на летните фестивали во Јапонија. Сум бил на многу јапонски фестивали и секогаш забележав дека луѓето прават редови пред штандовите со храна и на железничките станици.

Еднаш посетив еден познат забавен парк во Осака кој беше преполн со луѓе. Пред секоја штанд со храна се чека со саати во редица. Дури и пред оние со сладолед.

Никогаш не сум забележал дека некој се бутка или вика заради тоа што чека во ред. Луѓето се однесуваа природно и чекаа без многу нервози и викање. Времето на чекање за возења во забавниот парк траеше повеќе од два часа, а за оние најатрактивните возења дури 160 минути.

Како некој што не е од Јапонија, не можев а да не се пожалам заради оваа ситуација, а мојот добар јапонски пријател ми се извини и ми рече дека ситуацијата тој ден е всушност подобра отколку минатото лето кога тој го посетил паркот.

Ми се чини дека Јапонците се горди што чекаат и чекаат нешто затоа што им дава поголемо задоволство кога ќе ја достигнат целта на чекањето. Колку е подолго чекањето, толку е поголемо уживањето.

Како странец, имаш поинакво мислење. Помислив дека забавниот парк не постапува добро со своите клиенти затоа што ги принудува да чекаат толку многу часови во редица иако уредно платиле за влез во паркот. Ситуацијата во повеќето забавни паркови во Јапонија е иста. Толпи и редици насекаде. На странците им е тешко да се справат за кратко време.

Јапонците учат уште од градинка да формираат редови и на нивното совршено обликување, учат самодисциплина, соработка и почит, пред сè.

Не е невообичаено за јапонските градинки и основните училишта да бидат домаќини на групни претстави со повеќе од 100 ученици. Додека од една страна група деца од иста возраст свират на некој инструмент, на друга страна група деца седат и слушаат. Децата кои играат учат дека се во чекор со времето со другите ученици. Па тоа се тие кои слушаат и тренираат трпеливост и воздржаност.

Поголемиот дел од населението на Јапонија живее во густо „набиени“ градови и повеќето млади се свесни, уште од самиот почеток, за да добијат нешто, ќе треба да почекаат. Ова подоцна се покажува и кога ќе почнат со работа, и ќе формираат семејство.

После долгогодишно учење на овој вид на однесување, кое подразбира почитување кон „чекањето“, крајниот резултат е обичај што се применува во речиси сите ситуации и околности што можат да се појават, дури и природни катастрофи.

Младен Јовиќ

politika.rs