Може да сте поспани, но попладневната дремка може да биде опасна, еве зошто!

1626

Бројни експерти советуваат дека не секој одмор е добар, па затоа не препорачуваат попладневна дремка за возрасни, освен ако не трае под 40 минути.

Во спротивно, внатрешниот часовник и циклусите на спиење на телото може да бидат нарушени. На веб-страницата на клиниката „Мeyo“ стои дека едно лице е биолошки „програмирано“ да спие подолг дел од ноќта и да одмора кратко еднаш во текот на денот.

Имено, температурата на нашето тело најмногу паѓа помеѓу 13 и 15 часот, поради што во тоа време почнуваме да се чувствуваме поспани. Сепак, експертите тврдат дека спиењето попладне не е безбедно. Ново истражување покажа дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Студија спроведена на 300.000 испитаници покажала поврзаност помеѓу попладневно дремење и развој на метаболички синдром, вклучувајќи ја дебелината, високиот крвен притисок и покачениот холестерол.