Природна инфузија за вашите домашни растенија

175

Ако сте љубител на домашните саксиски цвеќиња, тогаш потребно е одвреме-навреме да ги прихранувате, покрај редовното полевање со вода.

Доколку забележите дека некое растение заслабнува, или пак сакате да ја збогатите негата, тогаш направете сами домашно ѓубриво од кора од банана, кафе и лушпа од јајце.

Една кора од банана изблендирајте ја со една лажичка мелено кафе и со лушпа од едно несварено јајце. Оваа смеса разредете ја со еден литат вода и полевајте ги билките.

За многу кратко време ќе добијат посвежа и поубава боја и ќе изгледаат многу поздраво од претходно. Практикувајте го ова ѓубрење 3 пати месечно.