Палента со кисела зелка и сланина | Видео

3054

Во нашиот видео рецепт, научете како да подготвите каша со кисела зелка.

Срцето понекогаш копнее по оние стари добри наједноставни работи, а може да се случи во тој момент да не ви биде при рака ниту еден стар добар искусен готвач.

Потоа на сцена стапуваме ние со идеја како да го надминете проблемот.

Палента со кисела зелка? Веднаш!

Потребни состојки

  • 400 гр. кисела зелка
  • 100 гр. сланина
  • 1 кромид
  • 25 гр. свинска маст
  • 150 гр. палента
  • сол

Упатство

  • Во тава на загреана свинска маст, додадете го исечканиот кромид, посолете малку и пропржете на тивок оган додека да омекне.
  • Потоа додадете ја сланината исечкана на ленти, врз неа ставете ја киселата зелка и сѐ заедно динстајте на средна температура, повремено мешајќи околу 20 минути.
  • За тоа време палентата сварете ја во тенџере со топла солена вода и 25 гр. путер според упатството на пакувањето.
  • Готовата палента наредете ја на средината на чинијата, направете мала вдлабнатина на  во неа, наполнете ја со подготвената зелка и сланина и послужете.

Добар апетит !