Sputnik V и официјално стана дијамант

1050

Голем дијамант од 100,53 карати е миниран во руската република Јакутија, во источен Сибир.

Турската компанија Ароза која се занимава со вадење и обработка на дијаманти, го именуваше Спутник V, според вакцината против ковид, објавено е од оваа компанија.

“Спутник V е прва регистрирана вакцина во светот против ковид. Станува збор за дијамант од 100,53 карати, со димензии 27,15 X 28,81 X 29,56 милиметри, во форма на срамнет октагон. Изваден е во Јакутија”, се додава.