Како да им го подобрите видот на бебињата

1470

Запознавањето со околината е едноставен и забавен начин на кој можете да му помогнете на вашето бебе да го унапреди видот

Од моментот на раѓањето, видот на бебето почнува да созрева, бидејќи претходно бил само делумно развиен.

Детето тогаш гледа, но нејасно и нецелосно поради тоа што мрежницата, задолжена за разликување на боите и светлината се уште не е целосно развиена.

Со растот на бебето созреваат и клетките, кои се одговорни за напредување на сетилото за вид.

Во првите месеци од животот, бебињата почнуваат да ги следат предметите со поглед, а доколку оваа фаза на напредок изостане и по третиот месец, обратете се на лекар. Затоа е неопходно да се охрабри детето со одредени активности за да се поттикне развојот на видот.

Црно бели книги за деца

Доколку не поседувате ваква книга, можете сами да ја изработите од картон, на кој ќе нацртате нешто со двете контрастни бои. Боите, кои на ваков начин се спротивставуваат една на друга полесно ќе го заинтересираат детето да ги набљудува, а колку подолго ги гледа, толку повеќе ќе напредува.

Обоени пруги

Бебињата мошне сакаат да гледаат во површини со пруги. Најлесно ги забележуваат широките пруги, а корисно е доколку на нив има спротивставени бои.

Играчки во боја

Покажете му на своето бебе тропалка во светли бои – бела, жолта, светлозелена. Тропнете со неа и дозволете му на бебето да го слушне звукот и да го следи движењето на тропалката.

Игра со огледала

Поставете огледало на 20 или 30 сантиметри оддалеченост од детето. Новороденчињата можат да се фокусираат само на предмети, кои се толку оддалечени од нивните очи – се што е поблиску или подалеку го отежнува нивниот обид да се концентрираат.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk