За оваа овошна салата потребно е 1 килограм исчистени кисели јаболка, 3 поголеми портокали, малку компот од праска, суво грозје, сезонско овошје.
Подготовка
Зовриениот шеќер и водата оставете ги да се изладат и во тоа ставете ситно исечкани јаболка.
Потоа додадете ситно исечен портокал, праски и сезонското овошје.
Држете во фрижидер до употреба.
Овошната салата сервирајте ја во подлабоки чаши со додаток на суво грозје и сечкани ореви.
Може да се декорира со шлаг или сладолед.



















