6 научно докажани факти за учењето

2249

Когнитивните научници уште пред неколку децении откриле дека постојат неколку едноставни техники кои сигурно можат да го подобрат квалитетот на учењето

Овие сознанија можат да му помогнат на секој од основците кои учат множење до пензионерите кои го запишале курсот по странски јазици.

За жал, овие техники никогаш не заживеале во педагошката практика, бидејќи на многу начини противречат на широките предрасуди за тоа како правилно се учи

Менување на окружувањето

Само што го уредивте просторот за учење на вашиот иден добитник на Нобеловата награда и сте помислиле дека сега само треба да го загрее своето столче во мир и тишина ? Всушност, една соба воопшто не му е доволна! Учењето на едно исто место може да доведе до тоа што на други локации потешко се потсетуваме на наученото. Менување на окружувањето за време на повторувањето на материјалот значително ги подобрува резултатите од учењето. Како? Мозокот за време на учењето прави убави врски помеѓу материјалот, кој во моментот “го истураме” во мозокот и надворешните дразби од околината во која се наоѓаме. Па, да речеме годината на битката на Марица останува зачувана заедно со погледот на шарените тапети, мирисот на нов мебел и викотницата од паркот пред куќата. Ако истиот материјал следниот пат го поминуваме во библиотеката, гледајќи во зелената светилка и слушајќи го шепотот на соседната маса, истиот материјал добива нови асоцијации, информациите се збогатени со поголем број на врски во мозокот и на тој начин подобро се задржуваат во сеќавањето. Поради тоа, се препорачува секој пат материјалот да се поминува во различна средина.

Преплетувањето наместо акумулирање

Сте подготвиле “план и програма” на учење за своето дете и планиравте еден час да прави геометрија, а потоа еден час децимали? Или не му дозволувате да премине на следната лекција сѐ додека предходната не е во можност да ја одговара во средината на ноќта? Многу подобро е често да скока од една област на друга област. Луѓето имаат обичај на одредена област од материјалот да гледаат како на планина на која треба да се искачат пред да почнат со искачувањето на следната. Всушност, постојаното скокање од област, на област, од задача на дефинициите, со неправилни глаголи на разговор и назад, дава многу подобри резултати. Секое мало достигнување во учењето на овој се става меѓу другите на начин кој во меморијата остава многубројни интерконекции помеѓу усвоените информации. Важно е само областите да се испреплетени во една поврзана целина – има полза преминување од учењето на главните градови на практикувањето скали на пијано, а потоа на бекхенд во тенисот, бидејќи научените лекции од толку многу различни области не можат да се поврзат и да се преплетат во мозокот.

Потсетувањето е мајка на учењето

Мислите дека е страшно колку во училиштето вашите деца ги малтретираат со контролни задачи и тестови? Кога наставниците стигнуваат воопшто да ги учат, кога постојано нешто проверуваат? се прашуваат многу родители. Всушност, можеби би било подобро уште почесто да ги прашуваат и проверуваат. Зошто, ќе прашате? Бидејќи копање по меморијата во потрага по одговорите на прашањата на наставникот не е само обична репродукција на наученото, но всушност најквалитната форма на учење. Научниците утврдиле дека информациите кои ги “вадиме” од сеќавањето добиваат подобар статус во нашата мозочна архива, па подоцна дури полесно им пристапуваме. Згора на тоа, толку колку повеќе се мачиме да се сетиме на нешто, толку таа информација ќе остане подобро зачувана за во иднина. Во еден експеримент, учесниците беа поделени во четири групи и на секоја и е дадено да научи иста комплицирана задача. Првата група четири пати учеше и еднаш проверуваше знаење, другата три пати учеше и два пати проверуваше знаење и така до четвртата група, која учеше и три пати го тестираше наученото. Погодете кој најмногу научил? Четвртата група која најмногу време поминуваше во испитувањето на наученото и во потсетувањето.

Една од корисните техники е да не пишувате белешки додека трае часот или предавањето, туку кратко време по неговото завршување. Ќе биде тешко да се потсетите на сето она што беше речено, но токму кога мозокот ќе се напрега да го репродуцирате сèто она што сте слушнале, добар дел од тоа и ќе го научите.

Продолжува на страна 2