Можеби ова ќе ве разбуди!
Вакцините можат да бидат штетни за луѓето, тоа е јасен факт за кој наголемо се молчи или уште подобро за кој е забрането да се зборува!
Меѓутоа, вакцините не се контроверзни само во однос на луѓето, туку и во однос на животните, а најинтересно е тоа што луѓето кои примаат вакцина немаат поим што сѐ има во нив. Од абортирани човечки клетки па натаму …
Индустријата за вакцини состојките на вакцината ги држи во тајност од човештвото, а запрашајте се дали кога сте примале вакцина добивавте кутија или хартија со информации во врска со течноста, која патем ја примате без прашања во своето тело (а би требало да добиете, како што со било кој лек добивате упатства)! Факт е дека луѓето не знаат ништо, и тоа не е случајно!
Сега на нозе се кренале и љубителите на животните „animal friendly“ луѓе, кои преку познатиот портал thedodo.com, во светот упатиле страшна фотографија на експлоатација на “потковести ракови” од кои индустријата за вакцини ѕверски ја цица сината крв за да ги тестира вакцините. Да, добро слушнавте, сина крв на потковестите ракови. Кој тоа би го знаел? Цевката е ставена во нив како сифон од кој им ја земаат животната сила во проѕирни тегли. Споменатиот портал предупредува: Женките на потковестиот рак може да положат 90.000 јајца, со кои се хранат цели екосистеми. Само десет од тие јајца преживуваат.
Половина милион потковести ракови фатени се и оставени да искрварат до смрт секоја година во лабораториите на фармацевтските компании и никому не му е важно дали станува збор за многу ретко суштество. Животните се фатени и врзани сѐ додека нивната крв се вади од 24 до 72 часа. Тоа е само еден од начините на кои тој процес влијае на целиот екосистем, кој зависи од нивното присуство и присуството на нивните јајца како добиточна храна и во синџирот на исхраната.
Сепак, ако сте мислеле дека тоа е единствоеното животно кое се експлоатира за потребите на вакцинирање сте се излажале. За вакцини се користат и телешки фетус, пилешки ембрион, пилешки бубрег, пилешки јајца, кравјо срце, кучешки бубрег, јајца од патка, ембрионот на заморче, коњска крв, мајмунски бубрег, мајмунски бели дробови, глувчешка крв, глувчешки мозок, свињска крв, зајачки мозок, овчја крв … а особено е ужасно дека во вакцините се и делови од абортирани бебиња како и ГМ вируси и бактерии, но и токсини како жива и други тешки метали.

Меѓутоа, луѓето не реагираат. Можеби љубителите на животните ќе помогнат да престане експлоатација на целиот свет со цел на депопулација за која отворено зборувал финансиерот на вакцините Бил Гејтс, кој јасно и без двоумење изјавил дека вакцините ќе послужат за да се намали бројот на луѓето на планетава и помина со аплауз!
“Во моментов на планетава има околу 6, 8 милијарди луѓе. А тој број наскоро би можел да се зголеми на 9 милијарди луѓе. Но, ако направиме многу добра работа со новите вакцини, реформите во здравствениот систем и во здравствените установи за репродукција, бројот би можел да се намали за околу 15 отсто”, рече Бил Гејтс и остана жив, пред бројната публиката на TEDексовата трибина за животна средина.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















