6 научно докажани факти за учењето

2250

Нема заборавање

“Заборавете незаборавање”, вели Бјорк, еден од водечките експерти за прашањата на учењето и меморијата. Откако ќе научите нешто, никогаш не го заборавате наученото. Меѓутоа, токму затоа што нашиот мозок има неограничена моќ на складирање, кога во секој момент би можеле да пристапите до сето она што сте го меморирале, би биле потполно изгубени во хаосот на информации. Затоа, она што меморијата ќе го оцени како помалку важно, го закопува под приоритетите. Кога е нешто доволно длабоко закопано, практично е засекогаш недостапно. Но, токму тука настапува неверојатна симбиоза меѓу учењето и заборавањето. Бидејќи, без заборавање нема ни сеќавање, кое е предуслов за учење.

Затоа, нема причина да се обновува одреден материјал веднаш по учењето, додека процесот на заборавањето уште не отпочнало. Клучот е во добро темпирано обновување, во подолги времески растојанија по првичното учење. Тајната на “компјутерската” меморија е во совршениот тајминг за извлекување на претходно научениот материјал од меморијата заради неговото обновување. Тоа не е лесно да се темпира – колку подолго се чека успехот на учењето е повисоко, но ако се чека премногу, материјалот ќе биде премногу длабоко закопан и сѐ ќе биде залудно. Ако започнете рано со обновување, на мозокот ќе му биде премногу лесно.

Илузијата на знаењето

Без оглед на тоа дали сте задоволни со ефектот или мислите дека тоа би можело да биде подобро, добри се шансите дека немате идеја колку добро детето, всушност, научило во текот на едно греење на столчето. Тоа што со полно разбирање ја изрецитирало лекцијата која само што ја научило не значи дека таа ќе му остане во сеќавање повеќе од неколку дена.

Судбината на информациите кои ги “впило” навистина е неизвесна и зависи од идните чекори во обновувањето и присетувањето на наученото. Вашето дете уште помалку знае колку научило – експериментите покажуваат дека воглавно погрешно го оценуваме сопственото влијание при учењето. Оние кои најмалку ќе научат најзадоволни се со ефектите на учењето. Илузијата на знаењето е резултат на фактот дека квалитетот на нашето презентирање на штотуку научениот материјал нема никаква врска со неговата долговечност во нашите сеќавања. Покрај тоа, “агресивните” техники за брза меморија се контрапродуктивни за долгорочна меморија, но за жал дејствуваат ефикасно само на прва топка. Брзите резултати се охрабрувачки, а техниките на квалитетното учење кои се базирани на потсетување и постојана контрола на знаењето до израз ги ставаат нашите грешки и несигурноти, па можат да делуваат обесхрабрувачки. А луѓето учат правејќи и исправајќи грешки.

Сите учат на ист начин

“На моето дете воопшто не му лежи начинот на кој учителката му предава”, “Таа е визуелен тип, затоа не ѝ оди учењето од сувопарната книга” … Многу родители проблемите во учењето кај своите деца ќе ја објаснат со одреден стил на учење, кој му одговара на нивното дете, но кој, за жал, нема врска со она кое се практикува во училиштето.

Научниците, од друга страна, тврдат дека сите учиме на истиот основен начин. Не постојат визуелни и аудитивни типови, разликите во учењето меѓу оние кои ја користи левата или десната хемисфера, итн. Нема експеримент кој докажал дека одредени луѓе добиваат информации побрзо и подобро, ако тие се презентирани визуелно (слика или шема), звучно (кога се раскажани ) или кога она што го учиме можеме да го видиме во просторот и да го допреме. Разликата е во тоа колку кој ужива во одредените начини на презентирање на материјалот, но не и во резултатите од учењето. Наместо да трошат време и ресурси за учењето да го прилагодат на различни типови на учениците, наставниците би требало да се насочат на она што е заедничко за сите. А добро темпирани проверки на знаења, преплетување на материјалот, правење на грешки и нивното исправување, како и менување на амбиентот – се универзални техники кои им помагаат на сите.

Автор Јован Папан

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk