ПО ВЕНЕЦИЈА, МОРЕТО СЕ ПОВЛЕКУВА И ВО ДАЛМАЦИЈА | Дали оваа појава има врска со земјотресот во Турција?

1349

Ниската плима на западниот брег на Истра предизвика големи проблеми за локалното население.

Во пристаништето Valbandon во Fažana голем број чамци и бродови останаа заглавени, па не е можно да се исплови додека не дојде плимата.

Сè уште не е познат степенот на штетата, но се знае дека многу бродови се тешко оштетени. Тој залив е нормално прилично плиток и полн со кал, што често им предизвикува проблеми на сопствениците на чамци. Инаку, минатата недела плимата се појави и на плажите во Сплит, меѓу кои и на Бачвице и Овчице.

Од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит за велат дека причината за оваа појава, забележана и во Венеција, лежи во атмосферскиот притисок и дека нема никаква врска со земјотресот во Турција.

– Тие се последица на синоптичката состојба. Имаме антициклон со висок атмосферски притисок кој ја турка површината на морето, предизвикувајќи пад на неговото ниво. Тоа е причината за тие ниски нивоа – изјави Gordana Beg Paklar од Институтот.

Таа вели дека појавите може да траат и до една недела, а понекогаш и подолго.

– Се зависи од синоптичката ситуација. Тие работи обично се менуваат на неделно ниво, но понекогаш може да потрае подолго, во зависност од ситуацијата, рече таа.

  • Се зависи од атмосферскиот притисок и плимата и осеката. Ако овие две појави се надредени, тогаш настанува екстремно ниско ниво на морето. Мора да се совпаднат неколку фактори – рече таа.