Една од најчестите несовршености на кожата по стриите е целулитот. Убав модел Ешли Греам, кој претставува мода за раскошна дами, но изјави неодамна дека не се срами од целулитот.
Ако вие не го споделувате мислењето на Ешли и не сакате целулитот да е видлив за околината, погледнете како облеката може да ви помогне да прикрете дел од кожата како кора од портокал.
Затегнувачка долна облека
Долната облека за затегање е повеќе од погодна за дамите со заоблени форми. Не само што прибира неколку вишок сантиметри, но и оформува и го прави помалку видлив целулитот. Може да се носи под панталони, фустани, здолништа.
Потребни ви се неколку дена, за да се навикнете на чувството, а потоа ќе се заљубите во неа. Но, ако не ви се допадне, одлучете се за затегнувачки хулахопки кога носите фустани и тесни здолништа.
Спортски хеланки
Постојат многу различни видови на хеланки. Има и такви кои се малку поскапи, но дефинитивно во нив целулитот ќе биде незабележителен. Изберете ги оние кои се со висок квалитет, а не само со убав дезен. Што се однесува до бојата, секогаш е подобро да се обложувате на потемни нијанси, кога сакате да ги прикриете несовршеностите.
Точниот модел костим за капење и долна облека
Линијата на костими за капење и долната облека што ја избирате, можат да бидат ваш верен сојузник и да ви помогнат да прикриете дел од недостатоците на кожата.
Размислете за убави бикини кои ќе покријат поголем дел од задникот или такви кои се тип боксерки. Ова важи и за костими за капење.
При долна облека може да им верувате на чипките и обоените принтови, бидејќи под мазните материјали целулитот секогаш се прозира. Кај купачите повторно обложете се на потемни нијанси. Ако целулитот ви е во областа на колковите и помалку на задникот, размислете за убав солариум.

Принтови
Принтовите се одлични и ќе бидат дел од нашиот пролетно-летен гардеробер. Освен што ја прават визијата поинтересна тие го прикриваат целулитот. Кога сте облечени во светли тонови, без разлика дали сте со панталони, здолниште, фустан, тоа би ги истакнало несовршеностите.
Но, едни точки или цветни мотиви на белата боја на пример, би го привлекле вниманието кон нив, наместо кон целулитот.
Хулахопки
Кога избирате хулахопки многу се важни бојата, материјалот. Сјајните модели во телесна боја само го нагласуваат целулитот. Изберете гионие кои се со мал брознирачки ефект и со помалку ликра. Фигуралните исто така се многу убави, стилски и го прикриваат беспрекорно целулитот.



















