Сомелиер – “Главниот” за квалитетот на виното

72

Сомелиер-от за вино е обучена личност, која е запознаена со виното на професионален начин.

Сомелиерите обично работат во специјализирани ресторани, а нивната примарна работа е служење вино. Тој е одговорен за листата на вина, за услугата поврзана со вино и обуката на останатиот персонал.

Енологијата е наука која се занимава со сите аспекти на виното и винарстовото од гроздоберот до шишето. Стручњакот по енологија се нарекува енолог, а исто така тој може да биди и винар. Зборот ‘енологија’ е грчки (енос) и означува вино, а ‘логија’ означува наука. Енофилија пак, преставува љубител на виното, во потесна смисла, дисциплинирана посветенoст на виното, со строги традиции за консумирање и оценка.

Опрема со која располага сомелиерот

‘Спиралата’ е кујнска алатка која ги отвора винските шишиња. Својата традиционална форма, се состои од зашилена метална спирала, закачена со рачка, која се користи како завртка во плутата, која подоцна се извлекува. Спиралните одвртки се неопходни затоа што тапите се мали и мазни и тешко е да се фатат удобно за да можат да се отстранат, особено кога ќе се стави целосно во нефлексибилно стаклено шише.

Поновите стилови на спирали вклучуваат различни ситеми на држачи, што дополнително го зголемува вклучувањто на сила што мора да се примени, за да може тапата да се отстрани.

Чашите за вино се еден вид на стаклени чаши, со столче, кои се користат за пиење и вкусување на виното. Изборот на одредено вино влијае врз формата на чашата и врз неговата перцепција.

Декантер претставува отворен стаклен сад, кој е елеганција на масата. Тие се користат за послужување постари вина, кои имаат поголема веројатност за акумулирање талог, од самото стоење, па така – во декандерот, кога се претура виното може да се филтрира. Тие се користат само за служење, и често се користи поради прикажување на оригиналната боја на виното.

Ладилници за вино, тип на опрема која се користи за замрзнување или ладење на виното. Најсоодветни се за бели, розе или пенливи вина. Самиот нарачател може да си ја одбере посакуваната температура на виното.

Сталажа, тие се дизајнирани за шишињата да се чуваат надолу, со благ наклон кон плутата. Сталажата гарантира дека виното секогаш е во контакт со плутата, и ја спречува да се исуши, а исто така да не влегува кислород, што во крајна линија ќе го расипе виното. Може да се изработат од дрво, челик, а може да се постават огромен број на шишиња. Исто така, преставува убава декорација.