Вратете ја енергијата со овој едноставен рецепт

1230

Доколку променливото време влијае на вашата енергија потребен ви е само еден овошен микс.

Потребно

  • шолја млеко по избор
  • половина шолја замрзнато шумско овошје
  • половина шолја свежи јагоди
  • пола шолја свежи малини
  • лажица чиа семе
  • 2 лажици кокосово брашно
  • неколку капки арома од ванила

Подготовка

Измешајте ги состојките, притоа оставете ¼ од свешото овошје на страна.

Убаво изблендирајте ги додека не добиете густа смеса.

Смутито ставете го во длабок сад, додадете го останатото свежо овошје, и за крај кокосовото брашно и чиа семето.