Силиконот е клучот за создавање на подобри батерии

179

Тим од истражувачи од Универзитетот во Калифорнија одржаа серија експерименти со кои пронајдоа интересна примена на силиконот.

Научниците успеале да развијат посебна анодна, кој може значително да ја подобри способноста на современите литиум-јонски батерии.

Благодарение на оваа иновација тие успеваат да произведат модел кој ги надминува сите досегашни материјали кои се користат во нивното создавање, пренесе Гизмаг.

Графитот денес е клучниот елемент за градење на негативните електроди на литиум-јонските батерии, но тој има ограничен капацитет. Наместо тоа, силиконот им овозможува на научниците да штедат до 10 пати повеќе енергија и исто така се одликува со импресивна ефикасност од 99,9%.

Проектот всушност се состои во производство на ултратенки нановлакна кои имаат дебелина од само 10 нанометри и така ќе се намалат значително димензиите на батериите.

Истражувачите прецизираа дека новата електрода ја отстранува потребата од дополнителни колектори, поврзувачи и други клучни компоненти, бидејќи над 80-отсто од тежината е изградена од силикон. Во оваа фаза батеријата која развиваат со овој метод е со големина на монета, а тие ќе продолжат да спроведуваат експерименти со неа.

Научниците се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на водечките производители во индустријата, за да го забрзаат влегувањето на оваа технологија на пазарот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.