6 начини да се неутрализира мирисот на кромидот

1529

Љубителите на кромидот често избегнуваат да го консумираат овој здрав зеленчук токму поради лошиот мирис што е верен придружник на оваа намирница.

Мирисот се јавува кога кромидот се конзумира свеж, а е предизвикан од сулфурни соединенија.

Фактори како што се сува уста, пушење, заболување на непцата и одредени лекови, исто така, можат да придонесат за лош здив после консумирање свеж кромид.

Еве неколку начини за ублажување на лошиот здив по консумирање кромид.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Овој здрав пијалок е одличен начин за ублажување на лошиот здив. Неговите состојки, особено полифенолите, можат да помогнат во неутрализирањето на соединенијата на сулфур.

ЛИМОН

Цитрусниот вкус на лимонот исто така може да го ублажи мирисот на кромид. Покрај тоа, антибактериските својства на лимонот можат да уништат и други бактерии кои предизвикуваат лош здив. Затоа, откако ќе уживате во кромидот, направете освежувачка лимонада.

МЛЕКО

И овој пијалок е одличен борец против лошиот здив. Изберете млеко со поголема содржина на маснотии, затоа што така подобро ќе делува на лошиот здив.

ЈАБОЛКА

Ова е уште еден одличен лек против лошиот здив кој го создава кромидот. Природните ензими кои се наоѓаат во јаболката ги разложуваат сулфурните соединенија и го елиминираат лошиот здив. После оброк со кромид, јадете јаболка или пијте го сокот од ова сочно овошје.

СОДА

Содата го отстранува лошиот здив, го спречува развојот на бактерии и ја одржува pH рамнотежата во устата. Промешајте една лажичка сода бикарбона и лажичка морска сол во чаша млака вода. Исплакнете ја устата со овој раствор неколку пати на ден.

МАГДАНОС

Уште еден корисен сојузник во борбата против лошиот здив. Натопете го магдоносот во оцет и посолете го. Жвакајте ги листовите 1-2 минути, а потоа проголтајте ги. Можете исто така да направите чај од магданос ќе ставите грст сецкани лисја во 2 чаши вода, додадете 2 каранфилчиња, и варете сè заедно да врие 5 минути. Потоа исцедете го чајот и почекајте да се олади пред консумирање.