Промоција на стихозбирката “21 Г.℗” од Тони Манџуковски Манџук

857

Во предворјето на црквата Св. Димитриј во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „21 Г.℗” – збирка стихови откорнати од душата на авторот Тони Манџуковски Манџук.

Книгата ќе ја промовираат рецензентите Ефтим Клетников и Владимир Мартиновски, а на промоцијата ќе учествуваат и Жаклина Стевковска, Џинаа Паппас Џокси, кои за оваа промоција создадоа музика не две песни од изданието, како и Јована Зајков и етно класичниот хор „Серенада“.

Музика: Џина Паппас Џокси

Манџуковски досега објавил неколку книги „Скалила кон градот на пингвините” (1999, збирка проза, поезија и фотографии), „Скршениот шестар” (2001, еколошка бајка во 9 чина), „Аквадукт” (2005, дузина кратки раскази), „Анализа на електромагнетните појави во двобрзински еднофазен асинхрон кондезаторски мотор” (2013, магистерски труд), „Аманет” (2015, дуодрама) и „Како ти и јас/Kao ti i ja/Like you and me” (2020, љубовно патеписна тројазична поема – импресија од младоста на Никола Тесла).

Промоцијата е закажана вечер од 19.30 часот во предворјето на црквата Св. Димитриј во Скопје.