КОЈ САКА ДА ГО ВИДИ ТИТАНИК ЌЕ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ТОА ЗА 250.000 ДОЛАРИ ! Со мини-подморница до легендарниот брод

921

Американската компанија „Оушн Гејт“, која го истражува подводниот свет, од мај воведува туристички тури за посета на потонатиот брод на легендарниот „Титаник“.

Заинтересираните посетители мора да исполнат некои од условите, освен да имаат 250.000 долари колку што чини билетот заедно со обуката.

Минималната старосна граница е 18 години, а тие треба да имаат вештина за управување со мал брод, како и соодветна физичка подготвеност за качување по скали и носење товар.

Откако „Титаник“ беше откриен во длабочините на океанот во 1985 година, неговите останки ги посетиле околу 250 луѓе.

Океанографскиот институт Woods Hole, кој го откри и истражуваше Титаник во соработка со францускиот истражувачки институт за експлоатација на морето, неодамна објави видео од 81 минута направено за време на истражувањето предводено од д-р Роберт Балард, девет месеци по откривањето на руината.

Обидите да се пронајдат остатоците од бродот започнале набргу по потонувањето, но технолошките ограничувања од тоа време, како и екстремните услови кои владееле во северниот дел на Атлантикот ја продолжиле мисијата за цели 75 години!

Луксузниот крстосувач од почетокот на минатиот век потонал во ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година, на своето прво патување, во Атлантскиот Океан, откако удрил во санта мраз.

Во него имало 2.208 патници и членови на екипажот. Преживеале 712 луѓе.

Страшни сцени од дното на Атлантикот | Објавена досега невидена снимка од Titanic | Видео