Астро диета

2010

Астрологијата идентификува четири основни вида во хороскопот според кои знаците се делат, а тоа се оган, земја, воздух и вода.

Доколку сте во период на слабеење, прочитајте како се врзува тоа за вашиот хороскопски знак според видот во кој спаѓа.

Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец

Огнените знаци брзо слабеат. Лесно се одлучуваат за држење диета, но тешко ја издржуваат докрај. Тие имаат најмал степен на виталност и енергија. Се препорачува да се одлучат за диета базирана на протеини, многу месо, без масло, со зеленчук и редовно да спортуваат за диетата да има ефект.

Ќе постигнат голем ефект доколку ја одржуваат диетата во летниот период.Треба да избегнуваат зачинета храна и црвено месо.

Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец

Ќе се држат строго до диетата и физичката активност сѐ додека не ги постигнат посакуваните резултати. Такви се земјените знаци, упорни, малку предвидливи и досадни, но покажуваат практични резултати и со својата тврдоглавост можат да симнат и дваесет килограми.

Се препорачува да јадат овошје, салати, зелје, варен зеленчук со зачини, природни и густи сокови, сирење, путер, нерафинирани житарици, супи и чаеви за слабеење кои имаат голем ефект кај нив. Треба да избегнуваат тешки диети кои се базираат на протеини, сурова храна и газирани пијалаци. Земјените знаци имаат потреба од исхрана што се базира на една кинеска поговорка: Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот.

Продолжува на страна 2