Маски за моментално подмладување на кожата

132

Летото е омилената наша сезона, бидејќи изобилува со свежи, сочни и мирисни овошја. Тие не само што се грижат да имаме убава фигура , но ни ја прават и кожата еластична, мека, свежа и млада.

Кога кон нив ќе додадеме и други есенцијални природни состојки, се добива вистинска експлозија од витамини и минерали, кои кожата ги љуби.

Споделуваме 3 маски со моментална подмладувачка акција, кои треба да ги практикувате 1-2 пати неделно. Бидете неодолива!

Маска за лице и врат со ананас

Потребни состојки: 1/2 манго или една голема праска, 1 парче свеж ананас, 1 лажичка мед. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте до добивањето на хомогена смеса. Нанесете ја маската на исчистена кожа и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

Маска со ленено семе и цимет

Потребни состојки: 2 лажици ленено семе, 1/4 чаша јогурт, 1 лажичка цимет , 1 лажичка мед. Комбинирајте ги сите состојки во кујнски блендер и мешајте сѐ до добивање на убава смеса.

Нанесете ја маската на исчистено лице и врат и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете со вода.

Маска со малини (капини може и микс)

Потребни состојки: 2 раце малини, 1 лажица мед, половина лажица јогурт (по желба). Миксирајте ги сите состојки во кујнски блендер. Нанесете ја добиената маска врз исчистена кожа и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете со вода.