Како да дознаете дали ќе го бива во кревет

885

Ако неодамна сте сретнале интересен човек, со кого веќе излегувате, сигурно веќе си поставувате некои прашања за него. Едно од нив најверојатно е, каков ли ќе биде тој во кревет. Дали ќе е вешт или пак тромав.

Според многу истражувања најдобриот љубовник може да биде препознаен по некои други негови квалитети кои немаат ништо заедничко со половиот однос.

Еве 7 знаци дека вашиот нов пријател ќе се соочи како вистински шампион меѓу чаршафите:

1. Тој е шармантен

Непријатно ни е да признаеме, но шармантните мажи, со добар изглед и самодоверба, се прилично вешти во кревет. Вистината е дека кога еден маж нема комплекси, тој е отворен и слободоумен во сексот. Ако го додадеме и физичкото привлекување што сигурно го доживувате кон овој убав маж, сигурно е дека нема да бидете разочарани!

2. Тој забележува сè

Ако еден маж ви го забележува новиот фустан, новата фризура, новите обетки и т. н., значи тој се однесува внимателно кон вас и потезите во кревет ќе имаат ист стил. Односно, тој ќе биде добар љубовник, кој ќе се обиде да ве задоволи максимално ориентирајќи се според вашите вкусови и желби.

3. Тој сака да ве допира

Мажите кои покажуваат физичка приврзаност и надвор од креветот, обично се добри љубовници. Ако еден маж ви го трие грбот, ве милува по главата, гали по лицето, отстранува прамен коса од образот ви и т.н., значи тој е нежен, ги сака интимните моменти и ќе биде џентлмен во креветот.

Продолжува на страна 2