Како да дознаете дали ќе го бива во кревет

1216

4. Тој е вешт и има некаков талент

Маж, кој умее да работи со своите раце – некој мајстор е, свири на музички инструмент, уметник е, или едноставно одлично се справува со чеканот и шајките, тогаш тој ќе знае и како да ве допира во кревет. Неслучајно сите гитаристи се опкружени со бројни убавици. Нема ништо пожешко од маж кој знае како да работи со двете раце.

5. Тој се чувствува удобно во својата кожа

Не сите мажи имаат совршен изглед на Адонис, но вистината е дека мажите со тело во кое преовладуваат мускулите, а не мастите, се справуваат подобро во сексот. Тие не само што се чувствуваат поудобно без облека, но и се поиздржливи љубовници.

6. Тој умее да ракува со зборовите

Ако еден маж умее да дава комплименти, ако умее да разговара со вас, ако има смисла за хумор, тогаш тој нема да е несмасна во кревет. Мажите кои не можат да се изразуваат добро, имаат проблеми со изразувањето и меѓу чаршафите. Тие нема да имаат храброст да го прашаат партнерот што му допаѓа во сексот и што – не толку.

7. Тој е искусен

За жал, искуството е од големо значење и во однос на добриот секс. Момците, без искуство во кревет за некои се слатки и привлечни со своето незнаење, не можете да ги прескокнете. Постарите мажи (со искуство) имаат поголема шанса да ве растресат вистински за време на секс. Покрај тоа, тие можат и да ве учат на некои нешта.