Околу пет и пол милиони луѓе во целиот свет секоја година умираат поради загадувањето на воздухот.
Ова е заклучокот на извештајот на американската истражувачка организација Хелс Ифектс Инститјут (Health Effects Institute (HEI), пренесува РИА Новости.
Главната причина за смртноста се токсичните микрочестици, исфрлени од термоелектрани и фабрики, транспортни средства и загадувањето на воздухот од согорувањето на јаглен и дрва. Вдишените од човекот токсични микрочестички сериозно го зголемуваат ризикот од срцеви болести, респираторни компликации, па дури и рак.
Повеќе од половина од смртните случаи поради лошиот квалитет на воздухот се во Кина и Индија, се предупредува во извештајот. Научниците предупредуваат за тешката еколошка ситуација во метрополи како Пекинг и Делхи.
Тие нагласуваат дека загадувањето на воздухот во преден план, бидејќи носи повеќе смрт отколку другите глобални фактори на ризик како неухранетост, дебелина, алкохол и наркотична зависност и незаштитен секс.