Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) објави нов извештај за количеството отпад во Средоземното море.
Скоро 230.000 тони пластичен отпад завршуваат во Средоземното море секоја година, а тој број може да се удвои до 2040 година доколку не бидат преземени „амбициозни“ мерки, предупреди Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).
Египет со 74.000 тони годишно, Италија со 34.000 тони и Турција со 24.000 тони се земјите што фрлаат најмногу пластика во Средоземното море, се вели во новиот извештај на таа организација.
Ако погледнеме во количината на отпад што се отстранува по глава на жител, Црна Гора е во водство, со осум килограми годишно и Босна и Херцеговина и Македонија, со по три килограми годишно.
Вкупно „околу 229.000 тони пластичен отпад се фрлаат во Средоземното море годишно, што е 500 контејнери на ден“, се вели во соопштението на организацијата, пренесува Бета, повикувајќи се на Франс прес.
IUCN посочи дека лошото управување со отпадот е одговорно за 94 проценти од пластиката пронајдена во морето.
Оштетување на екосистемите и биодиверзитетот

„Без значителна интервенција, тоа загадување нема да престане да се влошува сè додека не се удвои и достигне 500.000 тони до 2040 година“, оцени организацијата, наведувајќи дека треба да се преземат „амбициозни мерки“, поголеми од оние за кои земјите се обврзаа досега.
Загадувањето со пластика предизвикува долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биолошката разновидност, особено на морските животни, рече Мина Епс, директор на програмата за морски и поларни активности на IUCN, организација позната по својата листа на загрозени видови.
Според извештајот, подоброто управување со отпадот во 100-те градови од најголемите загадувачи може да го намали фрлањето пластика во Средоземнот море за 50.000 тони годишно.
Забраната на некои производи, како што се пластичните кеси, овозможува намалување на дополнителни 50 000 тони отпад.



















