За вишокот килограми, особено за оние околу стомакот, често ги обвинуваме „мрзливите“ црева кои го спречуваат согорувањето на мастите и елиминацијата на нечистотиите од организмот, ние ви нудиме решение во вид на здрав напиток.
Нутриционистите тврдат дека постои решение, и тоа многу едноставно. Одговорот лежи во здрав коктел со суви сливи, кој би требало да го консумирате како појадок. Обидете се овој пијалок да го консумирате навечер и наутро на празен стомак.
Потребно
- 6 сливи
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажичка какао
- 300 мл кефир/јогурт
Подготовка
Прелијте ги сувите сливи со 100 мл вода. Кога ќе зоврие водата оставете ги да отстојат 10 минути. За тоа време ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Додадете 300 мл јогурт или кефир.
Сливите ситно исецкајте ги и додадете ги во мешавината, а потоа ставете го пијалокот во фрижидер да отстои преку ноќта. Конзумирајте го наутро на празен стомак. По желба можете да додадете и цимет. Овој пијалок го забрзува метаболизмот, а исто така има поволно влијание и врз кожата, косата и ноктите.