Откриен клучот за успешната врска

1118

Експертите од Калифорнискиот универзитет откриле дека главниот атрибут за среќна и успешна врска е употребата на заменката “ние” во разговорите меѓу нив, покажуваат резултатите од истражувањето, објавени од порталот EurekAlert!

Според еден од авторите на студијата Меган Робинс користењето на заменката “ние” покажува тесна врска меѓу луѓе кои не пројавуваат егоизам во односите и имаат намера да развиваат плодно партнерство.

Ваквата ситуација е важна не само за младите туку и за постарите двојки. Особено е важно да се користи зборот “ние” за време на конфликти или други тешкотии во односите, додаваат научниците.

“Овие зборови можат да ги променат односите на луѓето, правејќи ги поблиски и доверливи”, заклучуваат експертите.