Со оваа салата буквално секоја комбинација на зеленчук може да се употреби во зависнот од вашиот вкус. Ова е една комбинација.
Потребно
- 200 гр. конзервирана пченка
- 200 гр. варен ориз
- 100 гр. сечкани шампињони
- 4 лажици мајонез
- 5 кисели краставички
- 500 мл. кисела павлака
- 2 варени моркови
Подготовка
Варените моркови и киселите краставички се сечкаат на коцки.
Во длабок сад се ставаат сечканите шампињони, сечканите краставички и морковите, пченката убаво исцедена од водата и сварениот и добро исцеден ориз.
Сите состојки убаво заедно се мешаат, па се додава мајонезот и киселата павлака.
Смесата се меша додека состојките убаво се соединат, се става малку сол и црн бибер, уште еднаш убаво се меша и салатата се сервира.



















