Жените кажаа | Знаци кои откриваат дека старееме

1169

Стареењето толку многу пречи на една од пет жени што мислат на тоа секој ден. Ова најмногу го забележуваат на своите фотографии и за време на секс, и се борат со анти-старечки препарати.

Секоја трета жена чувствува притисок да изгледа младо, откриено е во истражување на британската компанија за козметика Sanctuary Spa Wonder Oil Serum. Две третини од нив користат лекови против стареење.

Стареењето толку многу им пречи на една од пет жени што мислат на тоа секој ден, а 10 проценти од нив размислуваат за тоа неколку пати во текот на денот.

Најмногу почнува да им пречи на возраст од 39 и пол години, а првите знаци најчесто се забележуваат на фотографии, за време на секс и на свадби, пишува Дејли меил.

Најдобар комплимент за жените е да изгледаат помлади, а не послаби. Околу 60 проценти од нив потврдуваат дека тоа им дава поголема самодоверба.

Скоро 19 проценти од нив не сакаат ни да ја откријат својата вистинска возраст, особено на работа, затоа што се плашат дека нивните колеги ќе ги осудат врз основа на тоа, потврди истражувањето.

Возраста зависи од тоа колку години имате, така што луѓето на возраст од 24 години мислат дека возраста започнува од 51 година. За оние со 35 години, тоа е по 60 години, а за оние со 55 години, возраста започнува од 70 години.

Жените избраа: Знаци кои откриваат дека стареете

Продолжува на страна 2