Вие прашувате – психолог одговара | Дали е подобро да одите на викенд или на 20-дневен одмор?

1123

Што значи вистински одмор и колку долго треба да трае?

Познато е дека понекогаш продолжен викенд е доволен за да се прекине рутината, ваквите одмори, особено по долг период на работа, можат да го излечат заморот.

Психологот Милица Милорадовиќ Станковиќ смета дека следното лето, ако епидемиолошката состојба го дозволи тоа, ќе има можности за одмор. Има зимување, а потоа и првомајски и велигденски празници. За да бидеме поефикасни во извршувањето деловни и приватни обврски, треба да ја искористиме секоја можност да направиме пауза во наредниот период.

Промената на животната средина, барем за кратко време, во форма на викенд патување, ќе ни овозможи да ги „наполниме батериите“ и да не зајакне.

– Експертите велат дека идеално време за одмор е три недели. Првите денови на одмор се претежно пасивни – треба да спиеме малку и да го релаксираме телото.

Во тој период, брзината на опоравување е најголема, затоа е важно да не правиме скоро ништо. После тоа, подготвени сме за поактивен, креативен дел од одморот во кој можеме да го правиме она што го сакаме и да уживаме во него – вели психологот.

Веќе во третата недела, кога повремено размислуваме и се чувствуваме досадно, тоа е знак дека се ближи времето на враќање на вообичаените обврски. Не би вредело премногу да го пролонгираме одморот, затоа што запаѓаме во стапицата да не го користиме слободното време на вистински начин.

Имаме впечаток дека нашиот одмор е бесмислен и потешко ни е да се вратиме на своите обврски. Милица Милорадовиќ Станковиќ советува дека е подобро да се практикуваат почести и пократки паузи бидејќи тоа е победничката формула.

– Не е паметно да го користите целиот одмор одеднаш, но рамномерно да ги распределувате слободните денови. Помислата дека годишен одмор имаме дури следната година, нè обесхрабрува и ја намалува волјата за работа.

Почестите одмори не само што имаат корисен ефект врз здравјето, туку и позитивно влијаат на ефикасноста при работата. Ако сме одморени, повеќе сме фокусирани на работните задачи, повеќе мотивирани, покреативни и попродуктивни, така што ќе ги извршуваме работните активности со поголем ентузијазам.