Каква е вашата форма на лице? Круг, квадрат, овал, срце, дијамант?

533

Пред да се одлучите каква фризура ќе направите или каква форма на очила најдобро би ви стоела, најнапред треба да идентификувате каква форма има вашето лице.

Зошто? Бидејќи еден стил, на фризура или наочари, кој изгледа одлично на личност со триаголник лице, (кое е долго и тесно), нема да му стои одлично на личност која има лице во форма на квадрат.

ПРВ НАЧИН НА МЕРЕЊЕ – Употреба на прецизни мерки на лицето!

Потрeбно ви е флексибилно метро какво што користат кројачите, лист хартија на која ќе ги запишете вредностите и огледало.

Направете ги следниве мерки (во инчи или сантиметри):

1. Чело: Повлечете ја лентата за мерење од врвот на лакот на едната веѓа до врвот од спротивниот лак на другата веѓа. Запишете го тој број.
2. Образи: Мерете низ горниот дел од јаболчниците, почнувајќи и завршувајќи во остриот пад под надворешниот агол на секое око.
3. Вилица: Мерете од врвот на брадата до точката што се наоѓа под увото каде вилицата има агол нагоре. Мултиплицирајте го тој број со два.
4. Должина на лицето: Мерете од центарот на вашата косата, до врвот на вашата вилица.

РЕШЕНИЕ

Круг: Јаболчниците и должината на лицето имаат слична или иста вредност. Тие се поголеми од челото и вилицата, кои, исто така, имаат слична или иста вредност. На аголот на вилицата е мек.
Квадрат: Сите вредности се прилично слични. Аголот на вилицата е остар.
Правоаголник: Должината на лицето има најголема вредност. Челото, јаболчниците и вилицата се слични по големина.
Дијамант: Должината на лицето има најголема вредност. Потоа, по опаѓачки редослед: јаболчниците, челото, а најмала е вилицата. Брадата нема оштри агли, туку е насочена.
Триаголник: Голема вилица, помали јаболчници, а најмало е челото. Лицето може да биде било која должина.
Овал: Должина на лицето е поголема од ширината на јаболчниците, а челото е поголемо од вилицата. Аголот на вилицата не е оштар, туку се заокружува.

ВТОР НАЧИН НА МЕРЕЊЕ – Погледнете го видеото! Ова е најлесен начин да измерите!

Потребни материјали: линијар и калкулатор!

A: Измерете ја должината на лицето, од почетокот на челото, па сѐ до крајот на брадата.
Б: Со помош на калкулаторот поделате го тој број со 3.
В: Мерете од дното на носот до дното на брадата.

РЕЗУЛТАТ

– Ако Б е поголем од В, имате или долго (правоаголно) или квадрат лице.
– Ако Б е помала од В, имате или тркалезно лице или дијамант лице.
– Ако Б на В се еднакви, или прилично еднакви, имате или срце или овално лице. Ако вашата брада е насочена (pointy), тогаш сте во облик на срце. Ако вашата брада е заокружена, тогаш имате овално лице.