Сок од нане

1617

Во зима, на многу луѓе омилен пијалок им е чај од нане, заради убавиот вкус, пријатниот мирис, но и бројните лековити својства.

Сепак сезоната за цветање на нане е лето, а ние ви го претставуваме совршениот начин да уживате во оваа моќна билка и за време на лето – преку освежувачки сок од нане и лимон.

Потребно

  • 2 литри вода
  • 200 грама шеќер
  • 10 ливчиња свежо нане
  • Сок од 1 лимон

Подготовка

Водата и шеќерот ги варите, па кога ќе се олади додавате нане.
Го оставате да одстои 24 часа, па додавате лимонов сок
Се пие кога ќе се олади, кога и да осетите жед.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.